Вчера вечер дискотеката „Trocadero“ била мала за да ги прими сите луѓе кои сакале да ги слушнат новите но и старите мегахитови на Сека Алексиќ.
Со обзир на тоа дека нејзиниот последен албум феноменално помина кај публиката, ова се и очекуваше!
Дискотеката имаше незапаметена посетеност, Сека го сруши рекордот, а 300 луѓе останаа надвор бидејќи не можеа да влезат во клубот!
Пејачката има повеќе причини за насмевка: публиката ја сака, а повторно ќе ја гледаат и слушаат на приморјето сѐ до крајот на септември.
Новите песни ѝ се навистина големи хитови па и не е чудно што руши рекорди секаде каде ќе се појави! Но, публиката не ги заборави ни старите хитови. Погледнете како сите пејат заедно: