Според топ листите на магазинот Billboard, новиот албум на Адел „21“ e најдобриот албум на сите времиња.
– Албумот на Адел се задржа на број 1 позицијата на топ 200 најдобри албуми на сите времиња цели 24 недели, што е и најдолг период на некој женски изведувач, пишува во магазинот.
Втор на листата се најде саундтракот за „Sound of Music“, додека „Thriller“ на Мајкл Џексон е на третата позиција.
Албумот „21“ е вториот студиски албум на Адел, кој излезе во 2011 година. Најголеми хитови се „Rolling in the Deep“ и „Set Fire to the Rain“, за чии песни пејачката доби шест Греми награди, вклучувајќи и албум на годината.
Сега таа повторно руши рекорди благодарение на нејзината нова песна „Hello“.