Станува збор за збирка од четири различни интерпретации на темата наречена „I Took You Home“.
Овој сингл како дел од делукс пакетот добова своја акустична верзија, за која воедно Project Orpheus работат и на музичко видео. Како дополнување на пакетот е снимена и “Remote Sessions” верзија, што всушност претставува серијал од музички изведби каде бендот ќе ги интерпретира своите теми, но на различен начин.
Изведбите ќе бидат неконвенционално поставени и лоцирани, каде воедно интерпретацијата ќе биде видоизменета, во поопуштена и пред се невообична атмосфера.
Синглот е дел од концептуалниот албум “Shaping The Static”, албум кој е снимен во живо, при концептуална изведба и со тематски континуитет. Овој албум ни отсликува еден богат, фиктивен наратив, поставен помеѓу апстрактни околности, чии интерпретации се адаптибилни и често диктирани од страна на индивидуалната имагинација на самиот толкувач.
Песната е впрочем фрагмент од овој циклично – концептуален наратив на албумот и обработува приказна во која станува збор за фабула која се фокусира на сегменти од човечката природа, како појавите „адаптација“ и „релативитет“, разгледани од неколку различни перспективи.