Долго не сме ја виделе ниту слушнале, а сега се враќа во голем стил. Ферги објави спот за песната „Hungry (2st Byte)“, кој е дел од нејзиниот нов соло албум, кој ќе се појави во продажба летово.
Пејачката по подолгa пауза издаде нов албум, а за да слушнат сите за него таа објави секси фотографија на Инстаграм. Вели дека фотографијата протекла „случајно“.
На фотографијата пишува „Fergie“ и „MILF$“. Нејзините пријатели се воодушевени од нејзиниот изглед.
„Толку секси и прекрасна“, гласи еден од коментарите.
Ферги објавила и спот за песната „Hungry (2st Byte)“, кој е дел од нејзиниот нов соло албум, кој ќе се појави во продажба летово.
Ферги својот последен албум „The Dutches“ го издаде пред 10 години. Покрај музиката, Ферги се занимава со мода, глума, телевизиски и музички проекти.
Имено, атрактивната Ферги е поранешна пејачка на популарната група „Black Eyed Peas“.