Освен тоа што го смени својот изглед т.е ги врати суканиците и носи наочари Тајзи не мирува и на музичко поле. Пред крајот на летото не почасти со нова песна и видео.
Се работи за еден вид порака која визуелно и текстуално ја пренесува иронијата на општеството во кое живееме и дава мотив за сите оние кои пропагираат мир, љубов и имаат желба за подобро утре било дома или далеку од тука . “Мајка те раѓа да направиш нешто”
Видеото се состои од материјали и снимки од целиот свет, го изработи Филип Пауновски додека текстот е на Тајзи и е првата песна од неговиот нов албум кој го најави за крајот на оваа година.
Музиката и аранжманот се на Лазар Цветковски.
„Сите зборуваме за тоа како светот оди во погрешна насока, како капитализмот како и секој друг систем е ништо повеќе од бизнис, како има се помалку љубов меѓу луѓето, како постојано не трујат преку храна, вода, воздух и лажни информации и ред други актуелни теми , а всушност никој не презема ништо, туку сме дел од една пропаганда која секојдневно не убива на глобално ниво.
Плукајте,коментирајте, но не ме фарбајте , не се работи за пари, за партија, за власт, за опозиција. Тука сум за сите вас кои го разбирате мојот јазик , мојата желба и мојата порака. Револуциите во минатото ретко кога донеле подобар живот и демократија туку смена на еден диктатор со друг ”
Јас не носам револуција, носам вистина и позитивна енергија за будење за револуција на свеста кај сите нас бидејќи ако сакаме да го смениме светот нели прво треба да почнеме од себе”, вели Тајзи во врска со темата на новата песна.
Покрај „Револуција” Тајзи најавува уште песни овој период. Се работи за песна која ќе има и српска и македонска верзија и која ќе има свој видео запис. Песната е уште една соработка со Дарко Спејко, победникот на „Големиот брат”. Македонската верзија е на Лазар Цветковски и на Тајзи, додека на српската се потпишува балканскиот хит мејкер Цоби кој освен тоа е што е актуелен како артист со песната „Црни Сине” е и продуцент на неколку хитови на Раста,Тхц,Реља,Конект и други артисти од Балканот.