Младата и талентирана пејачка Теа Таировиќ ќе одржи ексклузивен концерт на 30 ноември во Скопје во „Арена Борис Трајковски” .
Концертот е дел од нејзината голема турнеја која стартуваше на 21 септември во Белград, а ќе го носи насловот “Neka noćas gori Balkan”, по стиховите на нејзиниот хит – “Hajde”. Првиот датум за концертот во Белград се распродаде во рекордно брзо време, па Теа закажа и втор концерт, ден подоцна.
Младата музичка ѕвезда која само со два албуми успеа да се постави на врвот на музичката сцена, неодамна го објави и својот најнов, трет по ред студиски албум „Теа”. И на овој албум, исто како и на претходните, Теа Таировиќ се потпишува како автор на поголемиот дел од песните, што е доказ дека е одлична во тоа што го работи, што за неа претставува огромно задоволство.
Со оглед на тоа што Теа е голем перфекционист, на кој освен песните, подеднакво важен и е сценскиот настап, таа за концертот во Скопје подготвува и посебни кореографии кои ќе ја остават публиката без здив. Затоа, заокружете го 30 ноември, датумот кога домашната публика ќе ужива во концертниот спектакл на една од најголемите музички ѕвезди во регионот – Теа Таировиќ.