Легендарниот хрватски музички автор Арсен Дедиќ открил како настанал текстот на популарната песна „Не дај се, Инес“ и на кого таа е посветена.
Тој во интервјуто за српските портали вели дека таа вдовица која живее во Милано и нема деца.
– Таа се занимаваше со вајарство, денеска живее во Милано и е вдовица без деца. Никогаш ниту за момент не ме напушти. Ми направи една бронзена биста, пет поштари ја носеа колку тоа беше тешко. Речиси секоја година доаѓа, зема соба во хотелот „Еспланада“ и седи во Загреб 3-5 дена, за да ми биде во близина и да се видиме. Вели дека мојата песна ја обележала за цел живот – рекол пејачот и објаснил дека Инес ниту ден денес не го напушта:
– Е така баш ми се јави Раде Шербеџија, да ме праша дали можам со него да настапам во април, бидејќи, секако, ќе ја изведува и „Инес“. Таа, значи, се уште не ме напушта во емоционална смисла, а со неа прекинав пред 51 година – заклучил Дедиќ.