Познатата пакистанска актерка Веена Малик е осудена на 26 години затвор бидејќи богохулела „злонамерно“.
Таа е осудена поради снимена сцена со венчавање која предизвикала згрозување кај јавноста. Токму поради таа сцена Веена е осудена на 26 години затвор, како и нејзиниот сопруг Асад Башир Кан и извршниот директор на Мир Шакил-ур-Рахман.
Покрај затворската казна Веена мора да плати и казна во висина од 8.000 фунти, а ќе се соочи и со одземање на пасошот.