Познатата поп пејачка и убавица од Барбадос, Ријана (26) не го крие воодушевувањето од својот нов партнер, Леонардо Ди Каприо.
– Меѓу нив има силна хемија. На Ријана и се допаѓа каков став има Лео кон животот, додека нејзиното опуштено држење е неодоливо секси за него.
Таа изјавила дека тој е најдобриот љубовник кој го имала а изворот тврди дека пејачката му се допаѓа на актерот бидејќи е сески и по малку е дива. Тие двајцата неодамна се сретнале на забава во вилата на „Плејбој“ и сите забележале дека има искри помеѓу нив.
Од друга страна пак мериканските медиуми пренесуваат дека нивната љубовна афера трае неколку години.
Ленардо ја забележал Ријана во 2009 година во еден клуб во Лос Анџелес, а од 2011 година почнале заедно да излегуваат на забави.