Преубавата манекенка Адријана Лима, по разводот со српскиот кошаркар Марко Јариќ за прв пат во јавност се појави со новото момче.
Папараците пред неколку дена ја фотографирале Лима како се шета низ трговски центар во Мајами држејќи се за рака со засега непознат маж.
Иако по разводот со Јариќ во мај минатата година, бразилската манекенка ја поврзуваа со многу познати личности, ова е прва фотографија на која таа отворено покажа интимна поврзаност со некој.
Лима и Јариќ имаат две ќерки, а беа во брак пет години.