Славната актерка Кира Најтли одлучила да направи римејк на култната сцена од филмот „When Harry Met Sally“.
Бројни британски актерски имиња како што се Дејвид Ајело, Бенедикт Блумбербач, Кира Најтли, Џејми Дорнан… оваа година оставија посебен допринес во Холивуд.
Токму поради таа причина „Vanity Fair Hollywood“ одлучиле да снимат видео во нивна чест во кое актерите ги одглумиле најпознатите сцени од познати филмови.
Во краткото видео Џејсон Бел освежил некои од најпознатите сцени од историјата на Холивуд, а на многумина „им паднала во око“ токму сцената од филмот „When Harry Met Sally“ од 1989 година, каде што во оригиналот глумеа Мег Рајан и Били Кристал. Овој пат, славната сцена на оргазам во ресторанот ја одиграла познатата Кира Најтли.