Најпознатата холивудска двојка посака добредојде на седмото дете.
Имено, Анџелина Џоли и Бред Пит наводно усвоиле уште едно дете, што значи на својот „мал тим“ ќе му додадат и седми член.
Анџелина го запознала Мауса, бегалец од Сирија, во кампот кога како амбасадор на УНХЦР ја посети Турција.
– Кога Мауса видел дека Анџелина брише солзи, дошол до неа и ја прегрнал. Таа го бакнала во главата и оттогаш се неразделни, тврди неименуван извор за списанието „Woman’s Day“.
Мауса ќе биде седмо дете на холивудската двојка која веќе има три биолошки и три посвоени деца.