Славната пејачка Леди Гага се вери за своето долгогодишно момче Тејлор Кини на Денот на вљубените.
Со вереничкиот прстен во облик на срце пејачката се пофали на Инстаграм.
– Ми го подари своето срце за Валентајн, а јас реков – ДА“ – напиша Гага во описот на фотографијата. После запросувањето, двојката веридбата ја прославила во ресторан.
Гага и Тејлор се запознале на снимањето на нејзиниот спот „You and I“ во 2011 година и од тогаш се нераздвојни.