Странските медиуми објавија досега необјавени фотографии од Анџелина Џоли (39) од периодот кога таа имаше 16 години, на кои таа позира како модел, беа објавени во виртуелниот интернет простор.
Во тој период Џоли беше во средно училиште и живееше со својот дечко, а редовно посетуваше панк клубови. Фотографиите ги направи фотографот Шон МекКол, во 1991 година.
На повеќето од фотографиите кои се дело на Шон МекКол, познатата мајка на шест деца ја покажува својата привлечна младешка фигура во едноделни и дводелни костими за капење, а притоа користи транспарентни марами како реквизити. Минималната шминка го истакнува најпрепознатливиот дел од лицето на Џоли – усните.