Иако сите очекуваа говор за благодарност, сепак добитничката ги изненадила сите и ја искористила својата шанса да застане зад жените во Холивуд.
Имено Патриша Аркет на 87-то доделување на Оскарите ја освои златната статуетка за најдобра споредна женска улога во филмот “Boyhood” на Ричард Линклатер.
Аркет, примајќи ја наградата, повикала на еднакви плати за жените во САД – тоа било момент кој го обележал целиот настан.
– Оваа награда е за секоја жена која родила, за секоја жена која плаќа данок и è државјанин на оваа земја: Се боревме за сечии права и еднаквост. Сега е време мажите и жените да бидат платени еднакво за својата работа и да почнеме да се бориме за правата на жените во Америка – рекла Аркет, што предизвикало бран од воодушевување кај публиката – посебно од славните Мерил Стрип и Џенифер Лопез.
Ова е прв Оскар за оваа 46-годишна актерка, која во оваа категорија се натпреварувала со Ема Стоун (Birdman), Лора Дерн (Wild), Кира Најтли (Imitation Games) и Мерил Стрип (Into the Woods).