Добитниците на Оскар, Џулиен Мур и Еди Редмејн имале заедничка соработка како мајка и син во филмот “Savage Grace”, преполн со експлицитни сексуални сцени.
Актерите Џулиен Мур и Еди Редмејн се овогодинешните добитници на Оскар за најдобра женска, односно машка улога. Џулиен ја освои наградата за улогата во филмот “Still Alice”, а Еди за интерпретацијата на Стивен Хокинг во филмот “The Theory of Everything”.
Но она што денеска е актуелно во светските медиуми е тоа дека овие двајца актери веќе имале успешна соработка во контраверзниот филм “Savage Grace” од 2007 година.
Филмот се занимава со дисфункционалниот и инцестуозниот однос меѓу Барбара, која ја глуми Мур, и нејзиниот син Ентони, кој го игра Еди.
Во приказната се вклучува и лик со кој Барбара има афера, а кој станува заеднички љубовник. Во скокотливите сцени, тие тројцата остваруваат страсен љубовен однос, кога на парот им се приклучува Еди во креветот.