Пејачката Никол Шерцингер го промени својот имиџ по болното раскинување со Луис Хамилтон. Станува збор за промена на бојата на косата, и сега изгледа сосема различно. Сега е блондинка.
Последните неколку седмици пејачката минала низ тежок период по раскинувањето со Луис Хамилтон по седум години врска. Никол решила да направи промени во својот живот и да продолжи понатаму.
– Велат дека блондинките подобро се забавуваат – напишала Никол на својот профил на Твитер.