Некои од најпознатите селфи фотографии на сите времиња ги има направено токму старлетата Ким Кардашијан. Но, се чини дека во семејството има повеќе од една старлета или барем такви кои на големо чекорат по нејзините стапки.
Кајли Џенер има само 17 години, но мошне голема колекција на провокативни фотографии. За многу магазини се фотографираше во разголени изданија а деновиве со своите пријатели сподели фотографија на која позира во поза која ја прослави нејзината постара сестра.
Фоотграфијата беше придружена со коментар како „одвај чека да скокне во кревет после долгата и напорна недела“.
Кајли за само неколку часа собра над 930 илјади лајкови и доби многу комплименти.