Кралицата на поп-музиката Мадона на доделувањето на Британските музички награди настапи првпат по 20 години.
Мадона на сцената ја изведе песната „Living for Love“ и успеа да направи нејзиниот спектакуларен настап да се памти и зборува во наредните години.
Пејачката на сцената се појави со наметка од Армани и додека ја откопчуваше долгата наметка на скалите, некој од танчерите ја повлече порано од планираното, и славната пејачка летна преку неколку скали и падна.
Видео снимката на Јутјуб покажува како Мадона во сред изведување на песната падна доста лошо, но скоро никој не можеше да забележи дека има болка бидејќи ја отпеа песната како да е на нозе.