Српската старлета Сораја Вучелиќ повторно е во центарот на вниманието на српксите медиуми, овојпат тие пишуваа дека познатата старлета направила операција со која ги остранила последните ребра.
Имено до сега Сораја направи разни естетски зафати на своето тело, но ова никој не го очекуваше. Имено, таа донела одлука да ги извади последните ребра за да има што потесна половина.
Корекцијата на носот, образите, зголемувањето на градите, средувањето на задникот и зголемувањето на усните, па и средувањето на забите, Сораја наводно одлучила засекогаш да го отстрани последниот пар ребра за да има што потесна половина.
Фактот дека во последно време се повеќе вежба и е во одлична форма различно се коментира па според некои таа била на работ на анорексија, а според други се е работа на фотошоп, па затоа половината и е потесна. Сепак таа не возврати дали навистина го направила овој контроверзен зафат кој во САД е нелегален и забранет или се е тоа само производ на Фотошоп.