Новинарот Кевин Сесамс (59) објави мемоари со наслов „I left it on the mountain“ во кои открил некои малку познати факти од животот на холивудските ѕвезди.
Тој направил интервју со познатата пејачка, актерката и сопруга на музичарот Курт Кобејн, Кортни Лав додека таа била гола во када, а додека ја чекал тој во една кутија пронашол срамно влакно кое му припаѓало на трагично починатиот фронтмен на „Нирвана“.
Сесамс во своите мемоари наведува дека младиот актер Даниел Редклиф кој се прослави со улогата во филмскиот серијал за волшебникот Хари Потер, му признал дека честопати му се „пуштаат“ хомосексуалци и дека тоа му е многу забавно.
Австралискиот актер Хју Џекмен пак му признал дека сака да живее во 1970-те години во Њујорк за да може да посети свингерска забава во клубот „Plato reatreat “ и дека го сака животинскиот хаос.
Холивудската легенда Тони Кертис во една прилика му признал дека извесно време бил вљубен во својот колега, актерот Јул Бринер и дека долго време не спиел со мажи.
Сесамс помеѓу останатото открил дека заедно со починатиот австралијански актер Хит леџер во Прага заедно пушеле марихуана и дека заедно двајцата ја набљудувале месечината.