Таа е една од најпопуларните топ модели на денешницата и нема срам ниту двоумење кога треба да покаже и малку повеќе кожа пред објективите.
Славната манекенка Кејт Мос позирала гола за Мерт и Маркус во 2012 година, но дури сега овие фотографии протекоа во јавноста.
На фотката јасно се гледа дека познатата манекенка е целосно гола, но и понатаму изгледа совршено и природно.
Токму фотографот Мерт ја открил оваа фотографија на својот профил на Инстаграм и покрај неа напишал дека Кејт Мос е негова муза и модна икона.
Кога настанале овие фотографии (во 2012 година) манекенката имала 39 години, а во таа прилика Мерт Алас и Маркус Пигот направиле серија разголени фотографии од легендарната убавица.