Кристијано ја поканил мексиканската новинарка Ванеса Хупенкотен Ванеса да биде специјален гостин на натпреварот Реал – Севиља, а потоа двајцата заминале заедно на вечера.
Мексиканката фрлила сенка на многу ѕвезди за време на фудбалското Светско првенство во Бразил со својот изглед, и со право била избрана за најубава новинарка во светот.
Многу медиуми денес пренесуваат дека токму таа е новата љубов на Кристијано Роналдо. Португалецот на тој начин, судејќи по сè, веќе го преболел раскинувањето со руската манекенка Ирина Шајк.