Хрватската пејачка на социјалните мрежи сподели фотографија на која синот Александар е облечен во дрес на Реал Мадрид.
Малечкиот Александар се израдува кога виде дека дресот од омилениот клуб го потпишале сите фудбалери на oвој клуб.
Во ова изненадување помогна хрватскиот репрезентативец Модриќ кој игра за кралскиот клуб.
– Она кога Лука Модриќ ќе ти подари дрес на Реал Мадрид со потписите на Роналдо и екипата – напишала пејачката.