Модната ревија на “Lanvin” на Модната недела во Париз изминатата вечер требаше да биде во центарот на вниманието но Ким Кардашија успеа да го зграби буквално целото внимание само за себе.
Освен што направи драстична промена на нејзината фризура и сега веќе има руса коса, оваа ријалити ѕвезда одлучи под мрежестиот фустан уште еднаш да не облече градник.
Така Ким се појави во поѕирен мрежест фустан, а под него не носеше ништо, што во нејзин случај и не нè изненадува нешто особено многу.
Овој фустан со должина до колената убаво ги потенцираше нејзините облини за кои сите знаеме дека Ким е особено горда.
Изгледот таа го надополни и со елегантен црн капут со отвори на ракавите.