Ивана Стаменковиќ Синди, на која минатата година привремено и беше одземено старателството над ќерката Петра (4) и му беше доделено на поранешниот сопруг Никола Павловиќ, преживува нов пекол бидејќи судот донесе правосилна пресуда во корист на нејзиниот поранешен партнер и ќерката му ја додели на таткото.
– Во прашање е голема неправда. Не сум окарактеризирана како неспоспобна мајка, дури и Центарот за социјална работа оцени дека добро се грижам за детето. Петра е оценета како интелегентно дете над просекот што секако се заслуги на мајката бидејќи јас се грижев за неа. Но, вештаците утврдија дека таткото наводно може да и овозможи подобри услови за живот и нему му го доделија старателството – вели Синди.
Таа вели дека целата ситуација влијае многу лошо на малечката Петра.
– Детето во меѓувреме почна да мокри во гаќичките, да ги гриза ноктите, па очигледно е дека одвоеноста од мајката не и одговара. Нејзините права се загрозени сега, а мислам дека тоа е недозволиво – тврди Синди.
Синди се уште не и ја кажала вистината на ќерка и бидејќи се плаши дека би можело лошо да влијае на нејзината психа и секогаш за нејзиниот татко зборува се најдобро.
– Бев во ситуација кога ме удри додека го држев бебето во прегратки, што се смета за насилство врз детето. Водам спор против него, а тој веќе три години избегнува да се појави на суд – вели Синди.