Познатиот фудбалер од „Арсенал“, Алексис Санчез (26) се најде во голем секс скандал откако неговата поранешна љубовница Валентина Рот го оставила откако фатила двајца негови пријатели како од ормар го снимаат нивниот сексуален однос.
Валентина ја раскажала целата приказна за чилеанската телевизија, а тврди дека потоа добивала анонимни закани со смрт.
– Тој можеби е пример за многу луѓе и навивачите на „Арсенал“ го обожуваат бидејќи за нив дава голови. Но јас го мразам и никогаш нема да заборавам тоа што ми се случи таа ноќ, изјавила 24-годишната девојка.
Таа е поранешна гимнастичарка и танчерка, а со Алексис почнала да се гледа од април 2010 година.
– Бев гола и водевме љубов, кога чув шум од ормарот. Го прашав дали и тој слушнал нешто, а тој само ги стави рацете на моите уши и се обиде се да прикрие милувајќи ме по косата.
Неколку секунди подоцна вратата од ормарот повторно зашкрипе и тогаш сакав да видам за што станува збор.
– Ја отворив вратата и видов двајца негови пријатели, за кои мислев дека се во дневната соба, стојат во ормарот се смеат а во рацете држеа мобилни телефони и го снимаа нашиот сексуален однос – изјавила Рот.