Адриана Лима и Марко Јариќ најверојатно во јули ќе бидат слободни, а бидејќи решиле да се разведат со спогодбено, тогаш богатството ќе им се подели на половина.
Иако тие се разделија уште пред една година, дури во јануари го поднесоа барањето за развод. Бракоразводната парница ќе биде готова во јули, а парот одлучи поради ќерките Валентина (5) и Сијена (3) со споразум да стават точка на нивниот брак.
Поради тоа нема да има судење за поделба на имотот, туку се ќе биде според законите на државата Вајоминг, каде се води парницата бидејќи таму се венчаа во 2009-та година, според кои имотот се дели на половина.
Јариќ за време на играњето во НБА лигата заработи 40 милиони долари, но својата сметка во банка ја зголеми за 4 пати преку приватните бизниси.
Во последните години се посвети на градежништво, кое му носи добар приход, а има и работи и во угостителство како во САД, така и во Србија.
Како што се шпекулираше, Лима откри дека мажот ја изневерил со манекенката Јована Швоња, а американските медиуми објавија дека го фатила во неверство и со сосетката. Марко се обидува да го заштити неговиот приватен живот, па во јавноста не се појавува со ниедна девојка, додека Лима шета со новотo момче Џоом, кој го претстави токму тогаш кога ги предаде документите за развод.