Американскиот актер Џони Деп ја повреди раката на смимањето во Австралија и се вратил во САД на операција – јавуваат американските медиуми.
Деп ја повредил раката на снимањето на петтиот филм за „Пиратите од Карибите“, а портпаролот на продукциската куќа Волт Дизни рекол дека не се знае колку е тешка повредата.
Деп ќе биде остустен од снимањето најмалку две седмици. Филмот, во кој Деп го глуми капетанот Џек Спароу, во кината треба да пристигне во јули 2017 година.
Три пати бил кандидат за Оскар, а освоил Златен глобус и награда на американското Здружение на филмски актери.
Деп на почетокот на февруари се венча со 28-годишната актерка Амбер Хард.