Старлетата Станија Добројевиќ која се прославила со објавување на разголени фотографии тврди дека нејзината родна земја не ја заслужува.
– Сите нешто критикуваат, се чудат, им смета се и сешто, сите се верници, невини и побожни. Ма, Србија не ме заслужува. Незнам што е чудно јас како студент на државниот економски факултет да бидам нивно заштитно лице – се прашува Станија.
Таа рекла дека постојат личности во Србија кои незнаат која е Станија и со што се занимава.
– Се знае дека чесно работам и заработувам пари во американските казина и така му помагам на моето семејство. Завидливи се и љубоморни. Едвај чекам да земам диплома на државниот факултет и на сите да им покажам која сум јас – додала старлетата.
Таа за еден српски магазин рекла дека на почетокот се нервирала поради негативните коментари, но дека и поминало кога видела дека го напаѓаат и Новак Ѓоковиќ.