Маца Дискреција во реалити шоуто „Парови“, ги шокира станарите, но и гледачите покрај малите екрани со признание, дека на нејзината осумнаесет годишна возраст, била жртва на физичка и сексуална злоупотреба.
Имено, познатата старлета за време на вклучувањето на гледачите во живо во програмата на шоуто „Парови“, одговори на прашањето на една гледачка, која ја праша Маца, дали е вистина дека маж ја заклучил во стан и сексуално ја малтретирал. Старлетата на ова прашање одговори потврдно, додека изненадената водителка ја праша Маца, дали таа признала дека била жртва на силување, на што Маца одговори: „Не ме силуваше бидејќи го удрив по полниот орган“. Босанската ѕвезда не сакаше да ги открие сите детали, бидејќи како што и самата вели, преживеала голема траума.
Атина Ферари не поверува во приказната на Маца, туку ја обвини дека измислува и лаже како би добила поени кај публиката.