Сораја Вучелиќ упорно се обидува да ја обнови врската со нејзиниот поранешен дечко, милионер од Македонија, кој ја финансираше старлетата.
Сораја со месеци се фалеше на друштвените мрежи со фотографии од луксузни јахти и ексклузивни дестинации, не сакајќи да го открие идентитетот на личноста со која патуваше.
Сепак, вистината излезе на виделина. Сораја била во врска со бизнисменот Чедо К. (38) од Скопје, кој ја „шутнал“ старлетата за помлади мисици.
– „Сораја не може да се помири со фактот дека го изгубила Чедо кој и ги исполнуваше сите нејзини желби. Беа во тајна врска околу 9 месеци, а за тоа време она имаше сѐ што ќе посакаше. Од него доби скапоцен мобилен телефон, гардероба, џип…“ – раскажува близок пријател на бизнисменот и додава дека Сораја често се појавувала на местата каде што би можела да го сретне бизнисменот.
Пријателот на Чедо вели дека Сораја го прогонувала Чедо и за Нова година и дека на дочекот се појавила во хотелот каде бизнисменот бил со новата девојка.
Богатиот македонски бизнисмен и го финансираше патувањето на Сораја во Дубаи, на Малдивите и Миконос. Иако се трудеа да ја сокријат врската, случајно го открија тоа на едно од патувањата.
– „Кога летуваа на Емиратите, Чедо за нив изнајми два автомобила „Ферари“ за 5.000 евра. Тој се фотографираше покрај двата автомобила, додека старлетата позираше покрај еден со исти регистарски ознаки.“ – додава пријателот на Чедо, напоменувајќи дека Сораја од Чедо барала да нарача налепница со нејзиното име како би го залепила на својата јахта, а потоа би се фалела со тоа.