Многумина од вас можеби се сеќаваат дека животната приказна на Мадона започнува кога таа заминува од дома, а сметките си ги плаќа самостојно позирајќи како голa.
Студентката по танц на Универзитетот во Мичиген, 18-годишната Мадона Чиконе, позирала гола, а за возврат од фотографот Херман Калкенс добивала по 10 долари по час.
Делата на кралицата на поп музиката, кои во осумдесетите се обиделе да ги објават „Плејбој“ и „Пентхаус“, се најдоа на аукција.