Една од најпознатите порно актерки на сите времиња, Трејси Лордс поминала низ тешко детство и нејзината исповед своевремено ја шокирала Америка.
Кон средината на 80-тите години, Трејси Лордс била најголема светска порно ѕвезда, а по големиот скандал кој избил кога било објавено дека сите свои порно филмови, освен еден, ги снимила додека била малолетна.
Во едно од ретките интервјуа во кои зборувала отворено за својот приватен живот, Трејси со својата исповед кај Лери Кинг ја шокирала Америка.
Меѓу другото, таа раскажала дека нејзиниот татко бил алкохоличар кој ја тепал нејзината мајка, како и тоа дека нејзините родители се развеле кога таа била мала.
Трејси, која вели дека била поразвиени од своите врснички, открила дека кога имала само 10 години, била силувана од момче од нејзиното училиште, кое било шест години постаро од неа.
За сè да биде уште полошо, во наредните неколку години ја злоставувало и момчето на нејзината мајка. Во тоа време, Трејси, чие вистинско име е Нора Луиз Кузма, повеќе време минувала на улица отколку дома.
На 14. години забременила, а по абортусот го напуштила средното училиште. Првиот порно филм, го снимила кога имала 15 години, а до 17 веќе била на хероин и кокаин. Кога се воспоставило дека Трејси била малолетна кога ги снимила повеќето од своите филмови, сите копии биле запленети и повлечени од употреба, поради што челниците во овој бизнис изгубиле неколку милиони долари.
Инаку, единствениот порно филм кој може легално да се најде е “Tracy, I love You”, која актерката го снимила во 1986. година, два дена откако наполнила 18 години.