Оскаровката, Гвинет Палтроу и музичарот Крис Мартин официјално се разделуваат, откако актерката поднесе барање за развод.
Палтроу како причина за пропаѓање на 11-годишниот брак ги наведе непремостливите разлики.
Актерката и фронтмен на бендот „Coldplay“ се венчаа во декември 2003 година и имаат две деца.
Двојката, како што наведе ѕвездата на филмот „Вљубениот Шекспир“, се разделиле во мај 2013 година.