Пред два дена Англија доби нова принцеза, Кејт Мидлтон се породи во саботата и на свет донесе женско дете. Целиот свет со возбудено го следеше развојот на настаните, а Англија беше на нозе и во еуфорија.
Само десет часа откако роди, Кејт Мидлтон излезе од болницата со бебето во прегратка. И токму тоа ги поттикна бизарните тврдења. Австралискиот News.com објави статија, а „Мирор“ пренесе, и сите се прашуваат како е можно Кејт само десет часа по породувањето да изгледа онака совршено и одморено како ништо да не се случило.
Жените многу добро знаат дека породувањето на една жена може да биде едноставно додека другите се мачат со часови. Сега сите се прашуваат како Кејт тоа го извела. Се знае дека има фризери, стилисти, козметичари, цела војска од луѓе која се погрижила војвотката да изгледа како што изгледаше кога се појави со штотуку роденото бебе во раце пред болницата „Сент Мери“. Сосема сигурно е дека во селската куќа во Норфолк покрај неа ќе биде и медицински персонал.
Теории на заговор околу раѓањето на кралското бебе
Една жена која искусила тешко породувањеаза „News.com“ вели дека била изненадена кога ја здогледала Кејт додека излегува од родилиштето, но вели дека кога би ја погледнале длабоко во нејзините очи би можеле да видите дека е изморена без оглед на тоа што изгледала одлично.
Со ова тврдење не се согласуваат читателките на рускиот весник „Комсомолскаја Правда“, кои направиле вистинска теорија на заговор околу раѓањето на принцезата.
„Кејт сигурно носела вештачки стомак цело време за да им покаже на луѓето дека е бремена, а принцезата ја роди сурогат мајка, а не таа.“
„Едноставно не е реално само неколку часа по породувањето едноставно да заминете од родилиштето во бел фустан и да им мавтате на луѓето.“
„Дури и да имала најлесно породување на светот, жените отпосле сакаат да спијат. “
„Во нејзините очи го нема оној труднички поглед. Споредете ја со Дијана кога роди. Оваа Кејт е само актерка од Бекингамската палата, таа сигурно не родила.“
И за крај на овие неверојатни тврдења – „Бебето изгледа на возраст помеѓу седум до 10 дена, премногу е големо за новороденче, а неговата кожа е премногу мазна и бледа.“
Постојат најразлични претпоставки, тврдења и обвинувања, помалку или повеќе поткрепени со докази за овој случај но точните одговори веројатно ќе се добијат многу подоцна.