Мрачната страна на фаталната Шерон Стоун

Спонзорирани линкови

Животот воопшто не бил благ кон фаталната русокоса и ѕвезда на филмот „Ниски страсти“, Шерон Стоун (57).

Таа имала толку подеми и падови особено во приватниот живот, но по секој пад таа станувала со крената глава и продолжувала понатаму.

Шерон е родена на 10 март 1958 година во работничко семејство во Пенсилванија. Нејзината мајка Дороти била чистачка, а нејзиниот татко Џозеф бил обичен работник. Нејзината мајка имала сон своите деца да ги изведе на вистински пат, да бидат интелектуалци, а не работници, и да си обезбедат подобар живот од нивниот.

Актерката има два браќа, Мајкл и Патрик, и сестрата Кели. Нејзината биографија недвосмислено потврдува дека убавината која таа ја поседува не е без интелектуално покритие. Денес Шерон е членка на Менса, здружение на најинтелигентните луѓе на светот, со IQ 154. Стоун некогаш бил најдобриот ученик во училиштето, далеку пред својата генерација,и на 15-годишна возраст била префрлена на универзитетот „Единборо“ каде што студирала книжевност и уметност.

Меѓутоа актерката никогаш не дипломирала, но во 2007 година кога повторно го посетила својот роден град и Универзитетот, како славна личност, и е доделен почесен докторат. Нејзин сон уште за време на студиите бил да остави актерска кариера со намера да стане новата Мерилин Монро, а патот кон славата го побарала преку локалниот натпревар за Мис, на кој на 17-годишна возраст е избрана за најубава девојка.

Првата улога ја добила во 1980. година во филмот на Вуди Ален, „Сеќавања на ѕвездената прашина“. Но најголемата слава ја остварила со улогата во филмот „Ниски страсти“ во 1992 година. Од тој ден таа станува миленичка на мажите ширум светот, и тоа најмногу благодарение на култната сцена во која ги прекрстува нозете облечена во бел фустан без долна облека.

Една од најстрашните случки во животот на актерката се случила во 2001 година. Тогаш животот на актерката и висел на конец. Доживеала силна болка и помислила дека е ранета во главата.

– Ја повикав мојата мајка и и реков: „Мамо, јас сум во Брза помош, имам излив на крв во мозокот“.

Актерката вели дека мозочната анеуризма била причина за многу грди случувања кои подоцна и се случиле, ја фрлиле на дното но исто така и дале можност животот да го види од друга перспектива.

– Морав повторно да учам да одам, да слушам, да зборувам, да се сеќавам, се од почеток. Мислев дека умирам, дури и кога се вратив дома – изјавила актерката.

Неколку години подоцна, нејзиниот живот како да се распаднал. Во 2004 година таа се развела од сопругот Фил Бронстин,а во 2008 година Фил добила целосно старателство над нивниот син.

– Постоеше дел од мене кој чувствуваше како се да сум изгубила. Мојата кариера беше изгасена, истото се случи и со моето семејство, се разведов, ми го одзедоа детето и голем дел од мојот идентитет. Потонав целосно.  И кога потонав станав Феникс. Целосно изгорев, до пепел. Поради сето она што бев, поради тоа што го мислев, не остана ништо од тоа. Да се изгуби се е како смрт.  А тоа не е лоша работа, смртта е она најлошото. Се стана побогато во текот на ова искуство. Се стана подобро за мене, поради ова искуство. Тоа беше како нов почеток. Секоја смрт е ново раѓање –  вели Стоун на едно гостување кај Опра Винфри.

Сподели на:

Спонзорирани линкови

OСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Селебрити Филм Музика МК Сцена Ноќен живот Интервју
Концерт на Теа Таировиќ на 30 ноември во Скопје
Интервју со Премиер Бенд
Емотивна празнична честитка од ДСУ за рехабилитација и образование ,,Свети Наум Охридски ” Скопје
Лајфстајл Здравје Мода и убавина Wake up Травел Родители и деца Дом и дизајн Кулинарство Спорт
Доколку сакате ова лето цела плажа да „одлепи“ по вас, правете ја оваа вежба!
Писмата до Дедо Мраз
РОТА ВИРУС кај новороденчиња и мали деца, реагирајте веднаш
Љубовни врски Афродизијак Камасутра Машки свет Женски свет Gentleman's Choice Lady's Choice
Заљуби се во некој што повеќе ќе ти ја сака душата отколку телото
Искрен совет до мажите: Како да сакате една девојка?
Прекрасни совети од луѓе кои со години биле сами и на крај пронашле вистинска љубов
Тематски хороскоп Хороскоп
Петте најубави жени според хороскопскиот знак
Зошто треба да се заљубите во една Вага?
Секој хороскопски знак има посебен талент – Дознајте кој е вашиот
Занимливости Мистерии Луд свет Уметност Know How Ретро
Дино Парк во Скопје – Вистинска атракција за сите генерации
Комуникативни сте, и менаџментски спремни? – „План -б“ Ви нуди соработка: Работите кога сакате, колку сакате!
Преслатко: Погледнете како танцува ова девојче
Фото стории Забава ТВ Направи сам Факти и цитати Тестови и квизови Читална
Избор
После колку удари се предаваш?
Предновогодишна генералка
Наука Интернет Хардвер Софтвер Мобилни Гаџети Gamereport Футурама
Студенти на УГД креираа паметна апликација која може да го спаси и вашиот живот!
Интернетот не e само игра. Кликај безбедно… Вип започнува со едукативна програма за деца за безбедно користење на интернет
InTech X Meets Massive Interactive на 5-ти декември во МКЦ, Скопје
Новитети Fun News Концепти Сајмови Совети
Ford го претстави новиот Focus – Најиновативeн, динамичен и возбудлив Ford досега
Деца измислија „зелен“ начин како да го одржуваат ветробранското стакло чисто
Нова мобилна апликација за возачите на Ford