Бидејќи порано бил многу повеќе застапен во медиумите поради приватниот живот особено дека беше актуелната љубовната врска со Рада Манојловиќ, новинарите го прашале Милан да го искоментира сето тоа…
– Тоа во суштина беше и погубно за мене. Јас никогаш не сум сакал да бидам таблоидна личност, па така успешно ја криев таа врска првите четири месеци. Она што подоцна се случуваше беше поради желбата на медиумите по сензација, а не поради било каква наша потреба.
Пејачот изјавил дека не сака за неговиот приватен живот да се пишува во медиумите.
– Тоа не е важно. Моментално сум сингл и за жал не сум вљубен. Немам време од бројните настапи и привршување а албумот да градам интимна врска на која би можел да и се посветам.
На прашањето во какви односи е со поранешниот директор Саша Поповиќ, Милан не сакал многу да коментира.
– Не сакам да зборувам за тоа, затоа што потоа ќе ми извадите насловни страни. Навистина не сакам да зборувам за тоа.