Прочуената светска компанија, на денот на финалето, на многу оригинален начин ја истакнал представничката на Србија, Бојана Стаменов.
Сјајната пејачка Бојана Стаменов, која вечерва ќе ја представува Србија во финалето на 60-тото издание на Евровизија во Виена, после сјајниот полуфинален настап, придобила многу симпатии, а поготово неверојатно е тоа што го направила светската компанија „Google“.
Кога денес ќе се отвори нивниот познат пребарувач, на почетната страница се наоѓа анимација по повод 60 години на Евровизија, а во прв план е илустрација на Бојана Стаменов!