Хрватската е потресена од скандалот околу порно снимката на која, покрај неколку мажи, „главна актерка“ е познатата водителка и манекенка Тина Катаниќ.
Дезориентирана, несвесна дека ја снимаат, а очигледно и под дејство на наркотици, девојката на снимката е злоставувана сексуално од тројца мажи.
– Се чувствувам понижено, обесправено. Поради околностите на целиот случај во кој многу работи се направени против моја волја, дадов исказ во полиција и правните институции работа на заштита на моите права. Побарав правна помош, и во иднина моите интереси ќе ги застапува овластена адвокатска канцеларија – порачала Катаниќ.
Видеото наводно било снимено во еден стан во Загреб. На снимката се гледа како момчињата на девојката и нудат дрога, прашувајжи ја дали сака да „шмрка“.
Од начинот на кој се обидуваат да зборуваат со неа, јасно се заклучува дека е во несвесна состојба.