Швеѓанката Ингер Нилсон беше прва која го отелотвори легендарниот лик на „Пипи Долгиот Чорап“ во серијата и филмот од 1969 и 1970 година, снимени според истоимената книга на шведската писателка Астрид Линдгрен.
Таа денеска има 56 години и живее во Стокхолм, каде работи како секретарка. Повремено сеуште работи и како актерка во по некоја театарска претстава.
Во 2000 година таа се појави и во филмот на швајцарскиот режисер Ксавиер Колер, под наслов „Грипшолм“, според романот на Курт Тухолски, а во 2007 година глумеше и во германската телевизиска серија „Der Kommissar ud das Meer“, каде ја играше улогата на патологот Ева.
За улогата на Пипи Долгиот Чорап, Нилсон во 1975 година ја освои награда „ТП Оро“ во категоријата „најпопуларен лик“.