Позната е финалната агенда за утрешниот спектакл на Ушче, каде организаторите очекуваат повеќе од 30 000 посетители.
Светската супер ѕвезда Роби Вилијамс, кој утре ќе одржи голем концерт на Ушче, допатува денес околу 17 часот на белградскиот аеродром „Никола Тесла“.
Роби го причекаа 5 комбиња на ВИП излезот, а обожаватели немаше. Оние кои подолго време сакаат да го видат и слушнат, секако ќе бидат утре на Ушче, а организаторите очекуваат повеќе од 30 000 луѓе. Позната е и агендата на спектаклот.
Вратите на просторот каде што ќе се одржува концертот, ќе бидат отворени во 18 часот. Програмата започнува во 19:30 часот, а на бендот „Перпетум мобиле“ гости ќе бидат Бојана Стаменов и финалистите на „Икс фактор“. Светски познатите „2 Cellos“, кои во петок на 19 јуни ќе одржат концерт во Сава центарот, ќе бидат исто така дел од спектаклот на Ушче. Ќе се појават на сцената во 20:45 часот и на виолончели ќе го изведат хитот на „Prodigy“, „Voodoo People“. Роби Вилијамс се очекува да се појави на бината нешто после 21 часот.