Откако пејачката Зорица Брунцлик го напушти шоуто „Ѕвездите на Гранд“ не стивнуваат страстите.
Овојпат Аца Лукас и Драган Којиќ Кеба за време на паузите од снимањето се пошегуваа на сметка на Зорица.
Кеба која ја замени пејачката во жирито на ова популарно шоу се фотографирал со Аца, кој на својата коса ставил долга ешарпа, а неговите очила лепеза – имиџ кој неодоливо наликува на имиџот на фолк легендата.
– Лукас пристигна од Дубаи, а Кеба демнее – напишала пејачката Ана Бекута до фотографијата која ја споделила на Твитер.
Јасно е дека ова трио одлично се вклопило, откако Кеба дојде на место на Зорица, па на паузите од снимањето и тоа како се забавуваат.