Бразилската убавица после разводот од Марко Јариќ се впуштила во кратка романса со извесен Џо, која сега ја прекинала поради славниот фудбалер.
Адриана Лима раскинала со Џо, кој го запознала во теретана, после неколку месеци забавување. Иако се чинело дека го нашла мажот со кој ќе го преболи разводот од српскиот кошаркар поради чувствата славниот фудбалер.
– Драга жено, понекогаш ќе бидеш премногу жена. Премногу паметна, премногу убава, премногу силна. Ќе бидеш многу работи што ќе направат мажот да се почувствува помалку мажествено, што ќе те натера да почувствуваш дека мора да бидеш помалку жена. Најголемата грешка која можеш да ја направиш е да ги исфрлиш скапоценостите од твојата круна за твојот маж полесно да ја носи. Кога тоа ќе се случи, мора да знаеш дека не ти треба помала круна – ти треба маж со поголеми раце – напишала манекенката неодамна на својот профил на Инстаграм, очигледно инспирирана од својот љубовен живот.
Иако многумина во овие реченици го препознале Марко Јариќ, се чини дека тоа се однесувало на неодамнешното љубовно разочарување на манекенката. Меѓутоа, очигледно е дека бразилската убавица многу брзо го нашла новиот маж со „големи раце“, затоа што пред неколку дена осамнаа фготографии на кои таа се забавува со фудбалерот на Барселона, Нејмар.
Тој самиот се пофалил дека е со ангелот на Victoria’s Secret и пишувал за тоа како таа е прекрасна, по што светските медиуми почнаа да пишуваат за нивната романса, која ниеден од нив не ја демантирал. А, ако судиме според фотографијата, добро се забавуваат.