Познатата старлета Ким Кардашијан повеќе не е „кралица на Инстаграм“. Титулата овојпат и припадна на помладата сестра Кендал.
Фотографијата на Кендал Џенер на која манекенката лежи на подот, со прамени од косата во облик на срце, успеа да го „урне“ Инстаграм и да добие најмногу „лајкови“ откако постои оваа социјална мрежа!
Имено, Кендал доби дури 2,6 милиони „лајкови“.
Досега рекордот го држеше фотографија со бакнежот на Ким Кардашијан и Кање Вест, од нивната венчавка, која имаше 2,4 милиони „лајкови“.