Латино-заводникот Енрике Иглесијас (40) е уапсен во Мајами поради возење со неважечка возачка дозвола – пренесуват американските медиуми.
Полицијата го уапсила пејчот за време на една рутинска контрола во сообраќајот.
Иглесијас бил запрен од сообраќаен полицаец од полицијата во Флорида и веднаш забележал дека нешто му е сомнително.
Кога го запрел возилото, Енрике скокнал на задното седиште додека неговиот совозач седнал на возачкото седиште.
Личноста која се возела со пејачот е обвинета за ненасилно нарушување на спроведувањето на правдата, додека Енрике бил приведен поради неважечки документи.