Австралиската убавица Миранда Кер (32) не губи време кога станува збор за мажите. По неуспешниот брак со Орландо Блум, поранешниот ангел на Victoria’s Secret си најде ново момче.
Станува збор за Еван Шпигел (25) основачот на апликацијата Snapchat кој воедно е и најмладиот милијардер во светот.
-Седеа на шанкот и се бакнуваа. Не ги тргнуваа рацете еден од друг. Изгледаа мошне заљубено – вели анонимен избор кој го забележал парот како се милува во еден ресторан во Калифорнија.
Веста за врската помеѓу Миранда и Еван доаѓа само неколку дена откако американските медиуми објавија фотографии од нејзиниот поранешен сопруг како се бакнува со новата девојка.