Младата пејачка Аријана Гранде (22) била со момчето Рики Алварез во една американска слаткарница, а камерите ја снимиле како го лиже шеќерот од крофните на полиците.
Порталот ТМЗ објави видеото според кое изгледа како пејачката навистина да ги излижала крофните изложени на полицата во слаткарницата „Волфи донатс“ а во целиот случај се вклучила и полицијата.
Се се случило во местото Лејк Елсинор а покрај полицијата случајот го следи и Заводот за јавно здравство на областа Риверсајд.
Досега никој не застанал во одбрана на пејачката. Продавачката Мајра Солис рекла дека ѕвездата не ги платила крофните иако ги излижала и дека била многу безобразна додека била во слаткарницата.