Постарите читатели сигурно се сеќаваат на глумецот Лоренцо Ламас (57). Тој ја започнал својата кариера како дете. Првите значајни улоги ги добил кон крајот на 70-те, кога се појавил во филмот Брилијантин.
Врвот на славата го достигнал во 80-те и 90-те години на минатиот век.
Во емисијата на Опра Винфри, Лоренцо открил за што жали најмногу во животот.
– Најмногу жалам што не го ценев мојот успех кога бев млад. Мислев дека мојата актерска кариера ќе трае вечно и не мислев дека ќе заврши кога ќе имам 41 или 42 години.
Постојано работев од своите рани 20 години. Секогаш добивав улоги во серии и филмови, постојано ме вработуваа. Жал ми е што ја научив таа тешка лекција дури на 40 години.
Жалам што не се подготвив за крајот на својата кариера и не штедев. Трошев пари на вили и авиони, на нешта што не ми беа важни – рекол Ламас.