Анџелина Џоли важи за една од најубавите жени во светот а сосема јасно е дека својата убавина ја наследила од актерката Маршелин Бертран.
Имено, Анџелина била многу поврзана со својата мајка, додека со татко и, актерот Џон Војт, со години е во лоши односи.
Маршелин и Војт се венчале на крајот на 1971 година, а покрај Анџелина го добиле и синот Џејмс Хејвен. Разводот следел во 1976 година, поради неверството на Војт.
Таа глумела во голем број филмови и серијали, а се занимавала и со филмска продукција. Била многу посветена на хуманитарната работа, што ја пренела и на својата ќерка, која често ја наведува како нејзина најголема инспирација.
Маршелин почина на 27. јануари 2007 година, на 56 годишна возраст.